БИТОЛЧАНИ ГО ОТВОРААТ ФЕСТИВАЛОТ

49-то издание на МТФ “Војдан Чернодрински” од 6 до 13 јуни

– На претстава во Скопје со автобуси во новиот театарски храм

Svejk... za festivalskata publikaПо 49 пат од 6 до 13 јуни ќе се одржи МТФ “Војдан Чернодрински” на кој во официјалната програма ќе бидат изведени 12 претстави од македонските театри. Добитници на наградата за животно дело се Снежана Стамеска, Мустафа Јашар и Салаетин Билал.

Ова го соопшти уметничкиот директор на фестивалот Петар Темелковски, кој рече дека  годинава на фестивалот публиката ќе ги проследи најквалитетните претстави на македонските театри.

– Ги одбрав најдобрите. Претставите го даваат максимумот и се репрезент за  театрите – вели Темелковски.

Sto dusi tancuvaat i pejat na scenaМТФ ќе биде отворен на 6 јуни со претставата” Хеда Габлер” на битолскиот театар, а затворен со “Стјуардеси” од Марк Камолети, во режија на Синиша Ефтимов, на Театарот Комедија од Скопје.

На фестивалот ќе има и придружна програма посветена на младите, промоции, како и изложба на карикатури од Цицо Поповиќ.

Љубителите на театарот ќе ја следат претставата “Вечна куќа” од Плевнеш, во режија на Дејан Пројковски на МНТ во грандиозниот нов објект во Скопје.

– Ќе се организира превоз од Прилеп за Скопје на 7 јуни. Публиката ќе ја почестиме,  и со купената влезница ќе може да ја гледаат претставата на МНТ на автентичната сцена. Прилепчани тоа го заслужуваат заради верноста кон фестивалот – додава Темелковски.                                                                                                             

ОФИЦИЈАЛНА КОНКУРЕНЦИЈА

1. “ВЕЧНАТА КУЌА” –  Ј.Плевнеш, режисер  Деан Пројковски.

Македонски народен театар-Скопје

2. “ЕВАНГЕЛИЕ НА ГЛУПОСТА” – Љ. Георгиевски, режија Љ. Георгиевски.

Драмски театар – Скопје

3. “ХАМЛЕТ ВО ПИКАНТЕН СОС” – А.Николај, режија  А. Кардалевска.

Театар Комедија – Скопје

4. “КРАЛ ЛИР” – В. Шекспир, режија Ѕвездана Ангеловска.

НУЦК  Ј.Х.К Џинот – Театар  Велес

5. ” ЖИВОТ ПОД КИРИЈА” – Рефет Абази , режија  Лука Кортина.

Албански театар – Скопје

6. “КАМЕН” – Марио Фон Мајенбург, режија  Билге Емин.

Турски театар Скопје

7. “МРАЧНА КОМЕДИЈА” – Питер Шефер, режија Спасое Миловановиќ.

НУЦК  Ацо Шопов, Народен театар Штип

8. “ХЕДА ГАБЛЕР” – Х.Ибзен, режија Ѕвездана Ангеловска.

Народен театар – Битола

9. “ЕУ  ИНСПЕКТОР” – Давид Фар, режија Агим Сопи.

Тетовски театар

10. “НАШИОТ КЛАС” – Тадеуш Слобоѓанек, режија Владимир Милчин.

Театар за деца и млади  Скопје

11. “ЏОРЏ ОРВЕЛ 84″ – Џ. Орвел, режија Деана Николовска.

 НУЦК Антон Панов – Театар Струмица

12.”ШВЕЈК ВО ВТОРАТА СВЕТСКА ВОЈНА” – Б.Брехт, режија Мартин Кочовски.

Театар “Војдан Чернодрински” – Прилеп

Loading