Заводот и Музеј изведува заштитни археолошки истражувања во манастирот Трескавец кои ќе траат два месеца. Ќе се копа во црквата, потоа во трпезаријата и во магерницата.
– Активности се насочени за изработка на проектите за конзервација и реставрација на црквата, на трпезаријата и за конзервација, реставрација и санација на камбанаријата, магерницата и магерничкиот конак – вели Гордана Д. Спироска, директор на Завод и Музеј.
Ќе се вршат и геофизички истражувања на амбиент вибрации.
Истражувањата и изработката на проектите се поддржани од Министерство за култура, а се поврзани со ревитализацијата на манастирот Трескавец, каде во февруари лани изгореа конаците.
Државата лани го изгради патот и порасна интересот за посета на манастирот.