АКАДЕМЕЦ, МАЈСТОР СО РЕКЕТ

Пинг – понг

antonioПинг-понгарските екипи во недостиг на играчки кадар добро е да побараат засилувања меѓу академците. Дека ова треба да се сфати сериозно најдобар пример е студентот на ПМФ по географија, отсек туризам, Антонио Стомнароски. Тој ја покажа сета своја дарба на меѓународниот турнир “Златни песоци” во Варна, Бугарија. Настапи во две конкуренции, поединечно и екипно, и во двете освои први места, мотивиран од мислата “Само малите луѓе се борат за престиж, големите го имаат”.

– Мојата душа со восхит ја исполнија ѕвезденото небо над мене и моралниот закон во мене. Им ги однесов највредните пехари и двата златника во натпревар на неколку балкански држави – вели Стомнароски.

Успехот е прославен со македонско знаме во рацете и со пораката “Во животот не треба да трчаш, доволно е да тргнеш на време!”.

Loading