САМО ХАЈДУК НЕ ГОСТУВАШЕ

Историја

Најдобрите екипи, од југословенската “голема четворка” гостуваа на куп или пријателски мечеви во Прилеп. Белрадски Партизан беше прв ривал во купот 1958 година, кога на стадионот ЈНА победи со рекордни 11-0. Со “црно-белите” силите на пријателски се одмерени уште шестпати, со порази по 0-2 (1971 и 1976), 0-3 (1981), 1-4 (1999), реми 2-2 (1996), а единствен триумф 0-0 4-3 на пенали (1999).  Црвена звезда има победено за куп 2-8 (1962), на пријателски по 0-2 (1983 и 2004), а Победа има два триумфи 3-1 (1961) и 1-0 (1997). Динамо Загреб за куп победи 5-0 (1964), а на пријателска 7-0 (1983). Единствено Хајдук Сплит не дојде, според некои мислења дека во тие времиња како европски гигант имал згуснат календар со покани низ светот.

Сепак, 1980 година е одигран пријателски меч со вториот тим на Хајдук, завршен со 1-1 во Сплит.

Loading