ДОБРА СЕЗОНА

Кошарка

Akcija na mec od Marfil sportУчеството на Марфил спорт во Третата кошаркарска лига е оценето како успешно од страна на клубот и покрај билансот од две победи и осум порази за петто место, меѓу шест тима. Резултатите не беа најважни, туку искуството за младите кошаркари. Публиката можеше да ги види на дело Дејан Трајкоски, Анѓело Карапеески, Стефан Костоски, Благојче Конески, Благоја Велески и уште неколкумина истакнати, предводени од тренерот Сашо Костоски.

– Прикажавме добри партии, а со малку спортска среќа можевме и повеќе, пласман меѓу првите три. Отпор дадовме на најдобрите, струшки Црн Дрим и велешки Борец. Одиме натаму. Тренинзи планираме до крајот на мај, пауза до август и потоа следи стратегија заедно со спонзорот за евентуални засилувања – вели Костоски.

Табела: Црн Дрим 17, Борец 17, Баскет Дино Кочани 17, Михајловски Куманово 17, Марфил спорт 11, Легенди Гостивар 9. Двете најдобри станаа второлигаши.

Loading