ПОВЕЌЕ ПОРАЗИ ОД ПОБЕДИ

Втора

Нема посакувани резултати за прилепските второлигаши. Екипата на 11 Октомври реди само порази, откако е јасно дека нема шанси за опстанок. Во саботата загуби на гости 4-1 од Дрита, во вторникот дома 1-3 од Скопје. Во лошото, добро е што се дава можност за настапи на сите во екипата, на секој меч има различни постави. Шанса за бодови е саботното гостување кај последната Локомотива во Скопје.

Победа продолжува наизменично. Дома победува, на гости губи. Прво со гол од пенал на Мегленски го совлада Маџари, после загуби 2-0 од Силекс во Кратово. Навивачите очекуваа повеќе. Не веруваа дека гол нема да се постигне на пет пролетни гостувања. Сепак и натаму изгледите за опстанок се реални, а прашање е дали директно или преку бараж. В сабота е тежок меч дома, на Могила, со Тетекс.

Табела: Силекс 55, Тетекс 51, осма Победа 36, 13-ти 11 Октомври 16.

Loading