СТАРИ И МЛАДИ РОКЕРИ НА ЏЕМ СЕЈШН

Tocakot i Sabance so solo i ritam gitariДел од некогашните локални и пошироко афирмирани рок групи заедно со помладите надежни музичари имаа свирка во кафетеријата Арт. На џем сејшнот се потсетија на старите добри времиња на игранките на рок музиката, што се негуваше пред триесетина години низ гитарите, тапаните, синтисајзерот… Локалната музичка историја дожива ренесанса. На сцената свирки направија и актуелните џезери Кросроуд блус Бенд, Давид Нешкоски трио, Хај старт на професорот Илија Чакароски, надежните Пејшнс, дури и Младите металци. Во прекрасната атмосфера се појави малечкиот Михаил со гитара, чиј татко некогаш “везел” на овој инструмент.

Македонските хитови “Секс, пиво и рокенрол” и “Сî ми е сеедно” ги отсвирија и отпеаа Бен Хур со Дуле, Шабанче, Тоде, Џагио и Игор. Зоран Увцето тераше соло секвенци со Жарко Точакот, Борче Шабанче, Шилото и Џагио во знак на почит на прерано починатиот колега Тони Бустеро. Од повозрасните, свои дела направија Гоце Ѓоѓо, Емил Крле и Шилото. Ја “исчешаат крастата” и Теди и Рубин со поддршка на Гарало. Шлагворт на забавата даде и раперот Дејви.                        

Loading