ОТКРИТИЕ ОД КРИТ

Андреј Јованоски

Fudbalska obuka vo dve zemji - Andrej JovanoskiМладинскиот 11 Октомври сезонава бележи одлични резултати и е при врвот од второлигашката табела, а во средниот ред е Андреј Јованоски (17), кој дојде од Ираклион, Крит. Таму израснал и имал почетна фудбалска обука.

– Во 2000-та, на четири години, со родителите се преселивме во Ираклион, главен град на Крит. На 12 години почнав во клубот Моцоса, а после ме зедоа во ривалскиот Паном. Бевме прваци на два турнири, со противници од цела Грција. Заиграв за младинскиот состав, а пред враќањето, на 16 години настапив и за сениорскиот тим – вели Јованоски.

Момчето е добро прифатено од Грците, кои гледаат перспективен фудбалер. Полупрофесионалната лига е отскочна штица, но спортот е како животот – непредвидлив. Според ситуацијата се и плановите. Минатата година завршува грчкиот дел од кариерата и Јованоски се враќа во родниот град.

– Економската криза беше неподнослива. Се вративме во Прилеп и јас се вклучив во 11 Октомври. Ме прифати Сашо Спиркоски, а сега тренер е Дарко Вршкоски со поддршка на Коле Вецески. По триумфот над лидерот Хоризонт, можеме да станеме прваци. Мојата цел е првиот тим – порачува Јованоски.

Loading