КОНЦЕРТ НА ДУХОВНА МУЗИКА

Вечерва во црквата Св. Благовештение

Концерт на духовна православна музика ќе се одржи вечерва од 17 часот во црквата Св. Благовештение, на кој ќе настапи мешаниот хор при КУД “Стив Наумов” од Битола под диригентство на Љубо Трифуновски. Битолските хористи ќе пеат во автентичен амбиент дела од Мокрањац, Бадев, Архангелски, Христов…, а организатор е Ротари клубот од Прилеп.

Loading