ЈУБИЛЕЈОТ СТАРТУВАШЕ СО НОВИНАРСКИТЕ ПЕРА

Прилепска Пиварница – 90 години од производство на македонско пиво

Proslavata trgna so novinarska druzbaРадоста и успесите најдобро е кога ќе се споделат со пријателите, соработниците и да се проследи во јавноста.  По девет децении, откако во далечната 1924 година, стартуваше производството на македонското пиво, Прилепската пиварница, одбележувањето на јубилејот, го стартуваше, отворајќи ги вратите за новинарите од сите медиуми во Македонија, кои низ посетата на производствените линии, се уверија во најсовремениот технолошки процес на Балканов.

Со 90 годишното постоење, менаџерскиот тим докажа дека постојано се унапредува производството и континуирано се стимулира развојот во Прилепската Пиварница. А дека се компанија која ги следи не само модерните технолошки процеси, туку и начинот на соопштување на новостите и односи со јавноста, е комуникацијата со новинарските пера и преку PR агенција.

Посетата се заокружи со пријателски свечен ручек, а заедничката фотка е доказ за добрата соработка со креаторите на јавното мислење и компанијата која освен што има врвни пива и барани безалкохолни пијалоци, туку е и општествено одговорна фирма која има слух за градот со поддршка на манифестациите од кои предничи “Пивофест”.

Loading