ГОСТИНСКИ КОМПЛЕКС

Втора

Пролетва Победа тешко гази на гостински терен. И во Новаци, кај последниот на табелата, доживеан е пораз од 1-0. Убави шанси не беа искористени, а казната стигна во последните секунди пред одморот. Никако да се излечи комплексот. Во првото пролетно коло беше освоен бод кај Скопје 0-0, со неискористена бројна надмоќ за триумф. Наредните гостувања се порази од Миравци 2-0, Тиверија 1-0 и Новаци 1-0, што значи Победа не постигна ниеден гол. Шанси за директен опстанок постојат и нужна е победоносна серија, а следните дуели се в сабота дома со Маџари, вторник на гости кај Силекс. Соседот 11 Октомври истакна бело знаме со поразот дома 1-3 од Зајас, а нема многу значење в сабота на гости кај Дрита, вторник дома со Скопје.

Табела: Силекс 52, Тетекс 48, осма Победа 33, 13-ти 11 Октомври 16.

Loading