ГНЕЗДО НА УРНАТО ОГНИШТЕ

Covekot ostava, pticite  grada domУрнатините од стара куќа во селото Мажучиште се погодна локација за гнездо за штркови. Откако сопствениците го напуштиле домот, а забот на времето го изгризал покривот и конструкцијата на плитарената куќа, остатоците од ѕидовите станале погодно место штрковите да свијат седело за создавање на потомци летно време. Урнатините не ги  допираат и мачките и грабливците на диви птици, зашто просторот е тешко пристапен, освен за птиците како што се штрковите. Инстинктот за безбедност веројатно бил носечки секоја година двојка на штркови да несе јајца и да одгледува младо семејство со мала корекција на својот дом од гранки врз темелите на урнатините од нечие огниште. 

Loading