УКРАДЕНО ФИНАЛЕ

Борење

Од БК 7 Мај поплаки за судењето на меѓународниот турнир во Стара Загора, Бугарија. Според нив, Теодор Темелкоски заслужил финале, но во мечот со домашен борач, арбитрите гласале за сонародникот. Попусто е прегледана снимката. Солиден пласман имаат Леонардо Насески – деветти, Бобан Бубрегоски – 11 и Христијан Пенков – 15. место. Во категориите се бореле по 25 учесници или вкупно 150 од 11 држави.

Следниот настап е турнирот за олимписки надежи во Будимпешта. 

Loading