ОКОЛУ 250 БОЛДЕРИ КАЈ ТРЕСКАВЕЦ

За викендов

Rizicen sport e bolderingotЛокалитетот Трескавец од денеска до недела ќе биде збиралиште на околу 250 болдери од десетина земји од Европа на болдеринг маратонот “Крале Марко”. Додека се подготвуваат учесниците да се качуваат само со прстите на  рацете и со патики на нозете по атрактивните карпи во околината на манастирот, фирмата Петзл, која произведува опрема за болдерите, снима филм со природните погодни терени во околината на Прилеп. Ерван Ле Лан, директор за промоција и организација на настани од ПЕТЗЛ, рече дека филмот ќе ги промовира локациите за овој спорт. Инаку, Прилеп во септември четири дена ќе биде домаќин на качувачки маратон, кој ќе биде продолжение на камповите за болдеринг во Романија, Грција, Турција и Бугарија. Лани и интернационалната компанија за призводство на спортска опрема Адидас сними филм за привлечните карпи околу Прилеп со германскиот шамион во болдеринг Томас Таупорн.

Loading