КИНИСУВА ЖИТО ПРИЛЕП

Ракомет

Наспроти сите шпекулации, конечно женскиот ракометен суперлигаш Жито Прилеп продолжува со настапот во пролетниот дел од првенството. Вчера беше гостувањето кај гигантот Вардар СЦБТ и разбирлив е поразот (39 – 22). Најважно е што сезоната ќе заврши со надеж за опстанок. Клубот прави напори за консолидација. Во составот не се Белмезова, Адамческа и Саздова, но останаа Стојанова, Михајлова, Шалевска, Гичева, Аџулеска, Цаневска, Крстевска и шест – седум младинки. Идната недела е мечот дома со младинскиот Металург.

Прволигашот Таста 107 со 28-21 го совлада гостиварски Универс. Викендов оди на гости кај Борец во Велес. Во машката Прва лига РК Прилеп го одложи гостувањето кај Работнички и в недела е гостин на Риниа во Скопје.

Loading