ГРСТ НАГРАДИ ЗА КИНО КЛУБОТ ПРИЛЕП

Nagradi za clenovite na kino klubot PrilepКино клубот Прилеп од 43. издание на државниот фестивал на непрофесионален филм “Струмица 2014” се врати со грст награди. Со златна плакета се закити Бојан Мирчески за документарниот филм “Театарот”, додека бронзена освоија Оливер Ангелески и Зоран Пилоски за документарецот “Време”. Анастасија Бошкоска го убеди жирито во категоријата едноминутен филм, освојувајќи златна плакета за филмот “Бургија”, додека филмот “Едрилица” на Виктор Керев влезе во официјалната проекција меѓу 17 филмови од вкупно 35.

Награда на фестивалот доби и нашиот сограѓанин Кирил Каракаш за играниот филм “Во темнината”.

Фестивалот во Струмица е реномирана манифестација на аматерски филм.

Loading