ТЕСТ СО НАЈСИЛНИОТ

Кошарка

Викендов се игра 13. коло од Третата кошаркарска лига, а Марфил спорт е домаќин на Карпош Соколи од Скопје. Мечот во салата на СОУ “Р. Р. Ричко” е тест за можностите, бидејќи гостува најквалитетната екипа. Ривалот е надвор од конкуренција, бодовите не се сметаат во Лигата и може да се игра послободно, без оптоварување. Карпош Соколи има биланс од осум победи и два пораза, а Марфил спорт две победи и четири порази. Најнов е успехот 70-30 над гостиварски Легенди.

Табела: Борец 14, Дино и Михајловски по 13, Црн Дрим 11, Марфил спорт осум.

Loading