РАМНО КАКО ВЕМБЛИ

Игралиште Зоолошка

Vestackata treva kaj ZooloskataВештачката трева има предности над природната, а тоа се гледа на новото игралиште кај Зоолошката. Таму веќе се поставуваат последните ролни и теренот заличува на Вембли. Рамен како тепих, лесен за одржување, со нетрпение го очекуваат фудбалерите од градов. Тука ќе се игра по цел ден и навечер, да никнуваат нови таленти, идни репрезентативци. Има место за школите и клубовите, а предвидени се и првенствени мечеви. Инвестицијата на Локалната со ФФМ преку УЕФА од близу милион евра се исплаќа. 

Ова е четврто игралиште од ваков тип во државата, после Ѓ. Петров, Гостивар и Битола.

Loading