ПОБЕДА СЕ ВРАЌА ПРЕД НАВИВАЧИТЕ

Втора

Moment od mecot Pobeda - 11 Oktomvri 2-1После пет пролетни кола надвор од Прилеп, од кои два меча како домаќин одигра во Битола, Победа од сабота се враќа на свој терен, на Могила. Екипата каде да оди е гостин, освен овде. Недостасува на навивачите, кои навикнале секоја втора недела да го гледаат омилемиот тим. Имаше интересна ситуација во вторникот кога 11 Октомври се сретна со Шкупи. На трибината голема група присутни секундарно запреа со вревата и во тотална тишина слушаа јавување од Струмица, каде Победа загуби 1-0 од пенал. Претходно е совладан 11 Октомври со 2-1, со головите на Карчески и Илијовски спроти Ачкоски, а следно опоравување се бара в сабота (15 ч.) против Врапчиште.

Вториот градски второлигаш, 11 Октомври, третпат одигра на Могила, а првпат загуби 1-2 од фаворитот Шкупи. Попусто беше водството од пенал преку Дунимаглоски. Пред крајот на полувремето беше примен првиот, а во финишот на мечот и вториот гол. Меѓутоа, нема разочарување, туку поддршка за младинскиот состав. В сабота е гостувањето кај Борец во Велес.

Loading