Во селото Десово
Околу 70 деца од предшколска возраст од селото Десово ќе го посетуваат новоотворениот центар за ран детски развој. Иницијативата и поддршката е од Детскиот фонд на ОН (УНИЦЕФ), а поддржувачи се Фондацијата Т-Мобиле за Македонија и општината Долнени.
Општината го обезбеди просторот и ќе ги покрива тековните трошоци.
Опремувањето чини 50 илјади долари.