СЕ СЕЛЕКТИРААТ ПРЕТСТАВИ

За 49 издание на МТФ “Војдан Чернодрински”

Се избираат театарските претстави за 49 издание на МТФ “Војдан Чернодрински”. Уметничкиот директор Петар Темелковски ќе го заврши гледањето на претставите до крајот на април и во мај ќе ја соопшти официјалната програма.

– Ќе се понуди богата програма и раскош од придружни манифестации, промоции на книги, изложби – додава Темелковски.

Собранието на МТФ визирало изработка на монографија за петдеценискиот фестивал и констатирало успешеност на ланското издание.

Loading