БАДИЈАЛА ПРЕТСТАВА ЗА ТЕАТАРСКИОТ ПРАЗНИК

Одбележан светскиот ден на театарот – 27 март

,,Od kol na kol 1,, uriva rekordiТеатарот “Војдан Чернодрински” го одбележа светскиот ден на театарот синоќа со бесплатното прикажување на 90 – тата изведба на претставата “Од кол на кол 1” во режија на Коле Ангеловски.

На посетителите им се презентира светската порака по повод 27 март – светскиот ден на театарот од Брет Бејли, во интерпретација на актерот Марјан Ѓорѓиевски, додека македонската е од актерот и режисер Звезда Ангеловска од МНТ, во која таа посочува дека таа гледа театар насекаде, во секое општество, секоја култура, во секоја уметност, дека гледа театар – секогаш.

Loading