ЗЛОБНАТА ВИЛА ВО ОБЈЕКТИВОТ НА ДЕСПОДОВ

Младиот фотограф Ѓорѓи Десподов не престанува со своите “фантазии” со фотообјективот. Го збогатува портфолиото со ново искуство, нови светови и димензии преку фотографиите. Неговата фотографска перцепција е инспирирана од музика, литература, небични ситуации во секојдневието. Овојпат, за неговиот серијалот фотографии, предизвик е трејлерот за најновиот филм на Роберт Стромберг, со славната оскаровка Анџелина Џоли, Milificient чија премиера се очекува на 30-ти мај. 

Во “улогата” на Milificient, злобната вила која ќе ја зароби принцезата Аурора во вечен сон, се јавува моделот Валерија Преспаноска.Со помош на шминкерката Милена Северкоска,  Десподов успева да го долови најновиот филм на Walt Disney.

Десподов не открива колку го чинела подготовката на новата ревија на фотографии, ниту каде го пронашол сличниот амбиент, но со сигурност се знае дека за најновиот римејк на култниот анимиран филм од 1959-та година, Sleeping Beauty, Заспаната убавица, сценариото го напишаа Пол Дини и Линда Вулвертон, а буџетот на продукција изнесува 200 милиони долари.

Едиторијалот насловен Milificient е уште еден доказ за креативноста на гимназијалецот Ѓорѓи Десподов. 

Loading