ТЕШКИ МОМЕНТИ ЗА Ж. ПРИЛЕП

Ракомет

Неизвесно е дали ќе се одржи женскиот суперлигаш, Жито Прилеп. Екипата не отпатува на првиот пролетен првенствен меч кај Кожувчанка. Пропаднаа во вода претходните шпекулации за одложување, да има време за консолидација. Во Штип попусто чекале домашните со судиите и делегатот. Првпат од формирањето пред пет – шест години, Ж. Прилеп не отпатува. Му се случи на клубот кој гостуваше во Португалија, Литванија, Чешка, Германија, двапати во Франција, во европските купови. Кои се причините нема информации. Претпоставка е дека финансиите се проблем по откажувањето на спонзорот. Зимоска немаше подготовки, само неколку тренинзи кај прволигашот Таста 107. Тренерот Пеце Велјаноски беше само на прозивката. Тешки денови за Ж. Прилеп оти ако не се појави на уште еден меч, со првакот Вардар СЦБТ, следи исклучување. Можеби решение е фузија на двата женски клуба.

Таста 107 по поразот 30-18 во Куманово, оди кај Пелистер, а во машката лига, РК Прилеп по службената победа во Битола, в недела (11 ч.) е домаќин на Јехона.

Loading