НАГРАДИ И КАЗНИ

Историја

Во ФК Победа одамна практикувале правилници за наградување и санкција. Летото 1970 засилен со младите Манески, Магдески и Глигороски, клубот одредувал хранарини и премии. Хранарината е во три групи. Фудбалер кој ќе одигра најмалку три меча во еден месец добива 800 динари. Првотимец со два меча добива 650 динари, а тие без меч по 250 динари. Во врска со наградите за резултатите, ако победат четири пати и освојат осум бода земаат премија по 5000 динари, за седум  бода – 4000, за шест – 3000, за пет – 2500, за два бода – ништо. Највисоката можна заработка месечно е 5800 динари, денешни 58000 денари, ако се земе предвид тогашната цена на лебот од 2 динари.

Одредени биле и казни, за неоправдано отуство на тренинг – 500 динари, за потежок дисциплински прекршок до 5. 000. 

Loading