КОКИ СО ТАЈФАТА ПРАВИ МЕРАЦИ

Низ рестораните

“Виолината” Коки, од легендарното штипско дуо “Дуле и Коки”, заедно со новата група наречена “Тајфата” ги забавува прилепчани низ прилепските ресторани. Дружината на музички мајстори, Никола Јанков – Коки (виолина), Оливер Младеновски – Оли (вокал и саксафон), Александар Тренчевски – Аце (хармоника и клавијатури) и Владимир Богески – Влатче (клавијатури) веќе неколкупати создаваат возбудлива и незаборавна атмосфера во угостителски објекти, а пребирливите прилепчани веќе препознаваат вистинска тајфа која знае да прави мераци. 

“Тајфата” носи и нова музичка насока – македонската модерна чалгија. Веќе имаат и песна “Еден пат за еден живот”, за која е снимен и видеоспот.

Тие се нов македонски музички бенд, кој ги плени срцата на песнарите и играорците. Продолжуваат со музичката понуда и настапи, а со врвната гастрономска прилепска кујна, викендите се вистинско време за опуштање со групата за која нема пауза при настап. 

Loading