ИЗЛОЖБА “ОХРИД ВО 26 СЛИКИ” ОД МИШО ЈУЗМЕСКИ

“Охрид во 26 слики” е тематската изложба на фотографии од охриѓанецот Мишо Јузмески, која ќе биде отворена вечерва од 19 часот во ликовниот салон на ЦК “Марко Цепенков”. Ова му е прва самостојна изложба на Јузмески во Прилеп, по неодамнешното претставување на неговата книга “Сто години копнеж”.

Овој писател, публицист и фотограф досега имал седум самостојни изложби во Македонија и во Бугарија, а учествувал на една групна изложба во Охрид.

Според м – р Лидија Размоска, карактеристика на Јузмески е презентација на необичните делови од Охрид.

– Со фотографиите ја гушнува сегашноста со секоја одделна клетка. Езерото, приказот на нераскинливата врска на традицијата со современиот свет и презентирањето на надежта – вели Размоска.

Loading