ИЗЛОЖБА И КНИГА ЗА МАНАСТИРОТ ДРЕН ВО МОСКВА

Десетина графики на тема “Рај во Дрен” се поставени во Москва на изложбата на графики од рускиот уметник Александр Белугин. Сликарот, кој лани учествуваше на колонијата Дрен, се претстави и со книга со стихови, во која се пренесени впечатоците од учеството на колонијата, организирана од ЦК “Марко Цепенков”. Тој запишал дека “манастирот и колонијата се неделив дел, сместени во шума, во дом, во кој живее добар македонски народ и во средина во која се случува интересна меѓународна уметничка дружба”.

Во Москва е промовирана и книга поезија “Послание” од Блаже Конески, преведена на руски јазик.  

Loading