“СВЕТСКА ИЗЛОЖБА – МОНМАРТР”

Вечерва две изложби

“Светска изложба на дела од фондот на Монмартр” ќе биде отворена вечерва од 19 часот во галеријата од Центарот, на која ќе бидат презентирани поголем број дела од манифестацијата “Мал битолски Монмартр” , што ја организира детското ликовно студио ” Св. Кирил и Методиј” од Битола.

Манифестација е препознатлива, оти архивата содржи повеќе од 500 илјади творби, создадени од деца од целиот свет.

Точно 35 дела од десетина наши уметници создадени на манифестацијата “Брзо сликање” последните три години од вечерва во 19.30 часот ќе блеснат во ликовниот салон на Центарот за култура.

Сликите се создавани по повод празникот “Осми март”.

Манифестацијата  доживеа петто издание годинава.          

Loading