ПОЖАР ВО ВТОРАТА ЧЕТВРТИНА

Кошарка

Третолигашкиот меч Марфил спорт – Борец е прекинат во втората четвртина. Причината е оган под таванот, при пукање на рефлектор. Веднаш биле повикани пожарникарска и електро екипа и состојбата е доведена во ред, опасноста отстранета. Сепак, по еден час, екипите се известени дека не продолжува натпреварот, прекинат при водство на гостите од 7-24, а според прописите, домаќинот одредува нов термин.

Претходно не се одигра и мечот од 1. коло дома со Михајловски.

Loading