КУД ПЕНЗИОНЕР ГИ ГАЛИ СРЦАТА

Покрај КУД “Пенка Котеска”, асоцијација во која речиси сите членови се во “мирување”, односно го одработиле работниот век, е и КУД “Пензионер”. Хорот, поддржуван и од музичка група, е активен на сите културни случувања, на јавните настапи, негувајќи ја формулата за активно стареење. Живеењето во третото доба да не е монотонија се организираат разни културни настани на кои друштвата учествуваат  околу 40 членови.

Се рекло гласот е оној кој не се менува, не старее, а тоа го потврдуваат и членовите на КУД “Пензионер”, кои “галат” насекаде. А финансиски ветер во грб добиваат од Здружението на пензионери, во чии рамки егзистираат. 

Прилеп ќе биде домаќин на манифестацијата “Пензионерите пеат” која се организира за 8 градови.

Loading