ДОБРИ КОГА ТРЕБА

Ракомет

Машкиот прволигаш РК Прилеп со триумф ја започна сезонава, завчеравечер, дома 29-27 (14-13) над суперлигашот Текстилец Штип, во Купот. Пласманот е меѓу 16 најдобри екипи. Тренерот Орде Илиески го разигра составот: Трајковски, Стефаноски, Михајлоски, Орданоски, Јанески, Локвенец, Бозароски, Ангеловски, Петкоски, Х. Тодороски, Чадамоски, Стојаноски, Велески, Спасески, Петрески, Ѓорѓиески. Изданието е на ниво токму кога требаше, после осцилациите на тестовите преку претрпени три порази од суперлигашите Охрид, Преспа и Тинекс Пролет, а совладан Охрид. Формата очигледно е темпирана за првенството во Првата лига, кое стартува в сабота на гости кај Битола. РК Прилеп го брани првото место.

На сцена се и женските екипи. Во првата лига, седмата Таста 107 оди на гости кај  второто Куманово, а во Супер лигата, по малубројните тренинзи, ослабениот, четвртопласиран Жито Прилеп гостува на шестата Кожувчанка во Штип.

Loading