ЧЕТИРИ МЕДАЛИ

Борење

Во салата “Р. Р. Ричко” редок настан од борењето – Изборното првенство за кадети. Имаше неизвесни борби на 77 учесници од осум клуба. Чести беа пресврти и тесни победи на поени. Домаќинот, БК 7 Мај Леов, планираше два медала, освои четири, но неостварена цел е второ финале. Единственото е на Бобан Бубрегоски со постигнати две победи над ривали од Балканец и Лирија, а во финале даде отпор на Лирија. “Бронзени” се Леонардо Насески, Теодор Темелкоски и Христијан Пенков. Во дуелот на девојките, Катерина Мирческа со 7-5 ја совлада Маја Дејкоска.

Викендов Бубрегоски, Темелкоски и Пенков настапуваат во Бугарија.

Loading