ПОСЛЕДЕН ДЕН ЗА УПИС СО ПОПУСТ

Во библиотеката

Уписот во Библиотеката со попуст трае уште денеска. Вљубениците на пишаниот збор можат до вечер да најдат време и да  станат членови само за 100 денари. Со тоа огромниот фонд на различни жанрови на книги да им биде на дофат за позајмување секое време.

Деновиве двојно е зголемен интересот за упис.

– Стотина граѓани дневно стануваат членови. Некои го обновуваа членството, а некои првпат се запишуваа. На сите читатели им најавуваме дека ќе ја снабдуваме Библиотеката со нови книги, не само белетристика, туку и лектири, стручна литература – велат од Библиотеката.

Loading