ПОДОБРИ СЕ НА ГОСТИ

Ракомет

Ракометниот машки прволигаш Прилеп зимава, на контролите, како да негува западноевропски стил. За него нема разлика меѓу домашен и гостински терен. Така, порази се доживеани 23-27 од Охрид и 25-28 од Преспа, двете дома во “Р. Р. Ричко”, а совладан со 24-27 е Охрид, на гости. Можеби ова ќе биде од полза токму на првенствените мечеви пролетва, кога има повеќе гостувања, отколку дуели дома. Тренерот Орде Илиески неслучајно одбра суперлигаши за спаринг-партнери на тестовите, во кои се виде дека тимот одлично се спротивставува. Синоќа беше последниот на гости кај Тинекс Пролет.

Настапуваат и засилувањата, голманите Михајлоски и Митрески, пивотот Ѓорѓиески.

Loading