ПОБЕДА ДОМАЌИН ВО БИТОЛА ПО 44 ГОДИНИ

Фудбал

Како што неофицијално се навестуваше, Победа ќе игра во Битола додека се реновира теренот од Градски. Како 1970 година кога таму 0-0 одигра со Тетекс. Тумбе Кафе доби предност пред Могила. Имаше анализа и проценка дека за добра, течна, напаѓачка игра, потребен е проверен терен каде настапуваат и прволигаши, за разлика од помошното игралиште кај Могилата. Таму Победа одржуваше тренинзи и одигра две пријателски, со Пелистер (1-0) и 11 Октомври (1-1), но в сабота (14 ч.) се сели во Битола, да ја пречека последнопласираната Локомотива од Скопје. Се очекуваат три бода и атак кон четвртото место, по ремито (0-0) претходно на гости со Скопје.

Внимание привлекува и 11 Октомври по ремито дома 2-2 со Маџари, со головите на Иваноски и Дунимаглоски. Нема место за загриженост, оти испуштена е победата, затоа што е прикажана борбена игра. Претстои поправање на грешките, својствени за млад состав. Примени се ефтини голови. На ред утре е гостувањето кај Силекс и нема што да се загуби. Пролетва добивка се 15 мечеви во нозете на првотимците меѓу 17 и 21-22 години. Признание за клубот е повикот на Благојче Спиркоски во репрезентацијата до 19 години.

Loading