ПЛОЧИ ЗА ПЕТЛЕСКИ И КОРУБИН

На Арт плоштадот

Со отворањето на скејт паркот, тинејџерите – љубители на вратоломии со БМХ, ролери и скејтборди, ќе ја куртулат од оштетување Патеката на славните на Арт плоштадот кај Центарот за култура. Се сменува скршената спомен плоча од црвен мермер, посветена на врвниот режисерот и актер, Кирил Ристоски, а ќе се постави плоча и за Ордан Петлески, познат и признат сликар, еден од иницијаторите за основање на Музејот на современа уметност во Скопје. Во продолжение на славните предвидено е и место за Благоја Корубин, македонист, национален деец, првоборец во НОБ, филолог, преведувач, научен советник, истражувач и член при Институтот за македонски јазик.

Плочи со имиња на славни сограѓани кои со своето уметничко творештво го афирмирале градот надвор од границите на земјата ќе се постават до паметникот на Марко Цепенков, каде покрај Блаже Конески, статуа од бел мермер ќе биде изработена и за македонскиот граматичар Круме Кепески.

Loading