АКТИВНОСТ НА ЏК ПРИЛЕП

Џудо

Еден од поактивните џудо клубови во последно време е ЏК Прилеп. Од таму за в недела во соработка со ЏФМ најавија техничка организација на семинар за судии и тренери. Целта е запознавање со новите правила пропишани од европската федерација. Предавачи се националните судии од прва категорија Драган Шекероски, Томе Јосифоски и Златко Коцевски.

ЏК Прилеп е застапен во комисиите на ЏФМ со Драган Шекероски, Костадин Шекероски и Рубин Пеески.

Loading