ЗАСТОЈ

Жени

Зимава има застој во женскиот фудбалски клуб Победа. Тренинзите се неизводливи со намален играчки фонд. Заминаа уште три девојки, Кузева во Младост Оризари, Аџулеска и Стојаноска во Кочани. Клубот е немоќен да ги задржи. И титулата ќе е достижна да се вратат сите заминати. Вака, ситуацијата е деликатна и во прашање е доведена егзистенцијата. Сламка за спас е преземање на играчи од распаднатиот ЖФК Билјанини Извори. Од друга страна, тренерот Блаже Филипоски веќе имал понуда од машката Победа за координатор на младинските школи.

Првенството продолжува на 16 март, на гости кај Тиверија Истатов. 

Loading