СКАМЕНЕТА БАБА ВО РЕКЛАМА НА АДИДАС

Прилеп е уникатен по географската положба. Потврда се природните терени за болдеринг. Или уникатното качување по карпи кое го освојува светот, на градот веќе му носи светска репутација Локалитетот Скамената баба се најде дури и во реклама на спортската марка “Адидас”. Во неа Томас “Шорти” Таупорн ја раскажува воодушевеноста од посетата на Македонија и искуството со качувањето по прилепските болдери, односно големи карпи, високи 4 – 5 метри, на кои се качува без никаква заштита, но со душеци на трева. Уникатната карпа на потегот кон вештачкото езеро се гледа во рекламата на Адидас која се врти и на Јутјуб страницата.

На иницијатива на СКК “Златоврв”, локалната самоуправа и Комуналец спроведоа акција за собирање на отпадот и шутот над касарната. Освен за отстранување на дивите депонии кои го “унакажуваат” природниот оригинален амбиент за болдеринг, идејата е да се засадат и дрвја и во следните 5 години да никне Еко парк “Скаменета баба”.

Природните феномени, компанијата Адидас успешно ги користи за промоција на својата опрема, а преку рекламите градот се афирмира покажувајќи ја убавата природа, но не и несовесноста и лошите навики на фрлање на отпад од поединци во уникатната околина забележана во светот. 

Loading