ПОЕТСКА СРЕДБА СО ЉУБОМИР ГРУЕВСКИ

Поетска средба со македонскиот поет на татковински мотиви и критичар Љубомир Груевски имаше вчера во Библиотеката. Се претставија дел од најновите поетски творби. За творештвото се осврна м – р Трајче Кацаров, а стихови презентираше актерот Страшко Милошевски.

Повод беше излегувањето на изборот поезија “Де Профундис”, во Букурешт, Романија, што е своевиден културен, но и историски репер, како и номинацијата за Европската награда за поезија на 18 меѓународен фестивал на поезија во Романија, во конкуренција на 40 поети, како единствен македонски поет. Изборот поезија “Де Профундис” е преведен на шпански јазик, наскоро ќе биде и на српски, а идната година и на руски јазик.

Груевски е реномиран македонски автор, добитник на многу меѓународни награди и признанија. 

Loading