ПОБЕДА – ПАРТИЗАН 2-2

Историја

Кога гостувала екипа од некогашната југословенска “голема четворка” секогаш било интересно во Прилеп. Летото 1996 Победа се сретна со белградски Партизан. Пред осум илјади гледачи заврши нерешено 2-2. Резултатот беше голем стрес за гостинскиот тренер Тумбаковиќ, бидејќи од 0-2 дојде до 2-2. Гостите поведоа преку Ќириќ и Христов, а возвратија Б. Ѓорѓиоски и Грозданов. За Победа играа Ј. Николоски (Стојановиќ), Грозданов (Трајчески), Д. Крстески (Никоски), Лазаревски, Петровиќ (Цветаноски), Б. Нацев, С. Крстев (В. Мицески), М. Крстев (Бојчевски), Оливеира, (Најдески), Б. Ѓорѓиоски (Најдоски), Жилсон (Маркоски).

Мечот беше проштален за легендарниот ФИФА судија Трајче Маџоски.

Loading