МАЧЕТО И КУЧЕТО

Велат дека природата им дарила инстинкт да не се толерираат мачето и кучето. Песовите обично имаат аверзија кон мачките. Ги бркаат и ги  гонат. А мачките се кострешат, се токмат со канџите да се бранат за да се фрлат во очите на кучето. Како за сé што има исклучок, така и ова куче и ова маче, се контра на генот и природата. Живеат во хармонија и единство во мирисот на кафето покрај фабриката за кафе Ројтем – Елит. Дури мачето не се одделува од кучето, ако не го допира со опашката.

Како и да е, нетрпеливоста некогаш може да премине во љубов, а можеби и луѓето би требало да се огледаат понекогаш на испадите на природата.         

Loading