ИМА ТРЕНИНЗИ

Жито Прилеп

Добра вест од таборот на четвртопласираниот женски суперлигаш Жито Прилеп после долгиот, 80-дневен одмор. Покрај тешкотиите, управата овозможи мини – подготовки за пролетниот дел. До првиот меч на 15 март со Кожувчанка во Штип следат двонеделни тренинзи. Убаво би било да се одигра и контролен меч, девојките колку – толку да бидат подготвени за првенството и борбата за опстанок. Можен спаринг – партнер е прволигашот Таста 107. Впрочем, најавена беше соработка меѓу двата клуба.

Низ тренинзите ќе се види определбата за подмладување и играчкиот кадар со кој располага тренерот Пеце Велјаноски.

Loading