ДРЕНСКОТО ТВОРЕШТВО ВО МАКЕДОНСКИ БРОД

Изложба од 17 дела создадени на ланската ликовна колонија “Дрен” е отворена во Домот на културата во Македонски Брод. Наредните десетина дена ќе може да се види творештвото создадено од  уметници од земјава и странство. Изложени се дела од Тони Чатлески, Светлозар Недев и Малка Малкова.

Делата од “Дрен 2013” ќе ги видат и љубителите на уметноста во  другите градови во Македонија.

Loading