АМБИЦИИ ЗА БАРАЖ И ОПСТАНОК

Фудбал: Стартуваат второлигашите Победа и 11 Октомври

Секој бод е важен пролетва во лигата каде отпаѓаат седум

В недела (14 ч.) продолжува пролетниот дел од првенството во Втората лига, а на сцена излегуваат реновираните екипи на Победа и 11 Октомври. Двата клуба се со многу различен бодовен фонд и пласман, но со иста цел – опстанок. Лигата се куси и отпаѓаат седум тима, а три разигруваат бараж.

Победа е со намера да се врати на старите позиции, постепено. Единствената амбиција е задржување на второлигашкиот статус, со оглед на 23 бода, седмото место и бегството од девет, односно 11 бода на водечките Тетекс и Силекс. Треба да се издржи на осум гостувања со Скопје, Миравци, Тиверија, Новаци, Силекс, Руфеја, Шкупи и Зајас, на неутрален со 11 Октомври и дома со Локомотива, Врапчиште, Маџари, Тетекс, Борец и Дрита. Тренерот Јане Николоски има 25 играчи, од кои 10 нови, а билансот на тестовите е три победи, четири реми и два пораза.

Тимот на 11 Октомври е во полоша ситуација, на 13. место со 13 бода, девет помалку од местото за бараж кое го држи Корзо Слога, но тренерот Владимир Мицески смета дека има шанси за опстанок заради поволниот распоред. Дома се мечевите со Маџари, Тетекс, Шкупи, Зајас, Скопје, Миравци, Руфеја, Врапчиште, на неутрален со Победа, а на гости со Силекс, Борец, Дрита, Локомотива, Тиверија и Новаци. Екипата со шест нови на пријателските постигна три победи, две нерешени и два пораза.

Навивачите се подготвени за бодрење и очекуваат барем подобра пролет отколку што беше есента за двата тима.

11-ТИ НА МОГИЛА

Првпат во историјата 11 Октомври игра како домаќин надвор од Градски. В недела (14 ч.) на Могила го пречекува осмото Маџари. Трите бода се императив и се очекува поддршка од над илјада гледачи за Гоновски – Андреевски, Лазарев, Кукески, Ристевски – Г. Здравески, Спиркоски, Велевски, Дунимаглоски – Иваноски, Никовиќ.

Во истиот термин Победа гостува на петтото Скопје.

Loading