ТЕСТОВИ СО ОХРИД И ПРЕСПА

Ракомет

Машкиот прволигаш РК Прилеп стартуваше завчера со пријателски, дома со суперлигашот Охрид (23-27), а реваншот е предвиден за в сабота на гости. Тренерот Орде Илиески има на располагање фонд од 15-16 ракометари и со давање шанса на сите го бара најдобриот состав. Засега никој не замина, единствен нов е пивотот Пеце Ѓорѓиески од суперлигашот Тинекс Пролет, а на проба е и голман од Кичево. Во продолжение од подготовките планирани се две проверки со уште еден суперлигаш, ресенска Преспа.

Потоа погледот е кон купот на 8 март дома со штипски Текстилец, а првенството на 15 март на гости кај РК Битола.

Loading