СЛАЛОМ НА ТОПТАШ

Привршуваат олимписките игри во Сочи, а нашите се појдени таму, колку да го испочитуваат мотото, кажано  во кратка верзија – важно е да се учествува. Всушност и немаме некоја традиција во снежните спортови, ниту сега, а ни во историјата.

Имало ентузијасти за ски спортовите во Прилеп. На фотографијава гледаме неколку сограѓани, кои за погодно место за скијање ја нашле надолнината кај Топташ. Изненадува што случката е овековечена во далечната 1951 година. Се гледа дека асолно ја сфатиле пасијата, па располагаат со “профи скии и стапчиња”. Облечени се како што налагала “модата”. Радоста на лицата е иста како и кај малите деца на првиот снег. Им се читаат насмевки што се начекало снег и убаво место да ги прикажат знаењата во спортот кој бара агилност, добри физички предиспозиции и подготвеност.

Loading