ШЕСТИОТ ПЕХАР ЗА КАРАТИСТКАТА МАТРАКОСКА

Избор Зенит – спортист за 2013

– Членката на Ронин има успеси на Европско, Премиер, Балканско и Државно

Најдобар спортист на градов за 2013, според редакцијата Зенит, е каратистката на Ронин, Марија Матракоска. Во нејзини раце заслужено е пехарот, во средата, поради зафатеноста со тренинзи и натпревари. Во секој спорт до успехот се доаѓа со талент и многу труд, така и овде се заинтересиравме кој е патот?

– Нема формула, има упорност. Треба да се сака спортот. Имам основа и надградба, ме тренирале врвни стручнаци Елизабета и Златко Димоски, а важна е поддршката. Ја имам од колешките и од семејството – вели Матракоска.

Беше прогласена по две основи од КФМ, најдобра сениорка и најдобра јуниорка до 21 година. Долг е списокот успеси и тешко да се издвои најголемиот. Стана државен првак во борби, петта е на Евопското во кати, “бронзена” на Премиер лига, “златна” на Европско студентско, а на Балканско втора во ката, трета во борба.

– Сите медали ми значат, за сите сум вежбала многу, но најмила е од Балканското во Крагуевац, каде бев трета во борби. Многу вежбав кати, но се докажав и во борби – истакнува Марија.

Како ретко која каратистка, има две “дози” тренинзи, еден за кати, друг за борби. Посветена е на двете дисциплини. Досега чувствуваше дека местото и е во кати, но во иднина смета дека потенцијалот е во борби. Има црн појас, прв степен, но тука не се оптоварува со брзо напредување, бидејќи е во рамките на каратето како вештина, а фокусирана е само во спортскиот дел.

– Претстои светското првенство, за кое треба да изборам место низ серија турнири. Неодамна во Париз на Премиер лигата, намачив Јапонка, светска шампионка. Минатата година беше најдобра во кариерата, а оваа ќе биде уште подобра – најавува Матракоска.

Беше шестиот Избор на Зенит спортист. Претходно титули добија три ракометарки, двајца фудбалери, борач, параглајдерист, две каратистки од Ронин, Верица Трајкоска и Зорица Спиркоска.

Семејна поддршка

На дело се виде семејната поддршка за Марија. На прогласувањето присуствуваа родителите, помалата сестра каратистка Николина, бабата, дедото. Аплауз за титулата дадоа пријателите и секако, тренерите од КК Ронин.

Подобра од Илиевска

Најзвучно карате име во државава е скопјанката Наташа Илиевска, досега непобедлива. И таа првпат наиде на подобра. Надмината е токму од Марија Матракоска. Епилогот е од државното по Бергер систем.

По поразот Илиевска се откажала од каратето.

Loading