ПРВЕНСТВЕНИ НА МОГИЛА

Алтернатива

Во тек е реновирање на теренот од градскиот стадион “Гоце Делчев” и разбирливо што второлигашите 11 Октомври и Победа ќе мора да бараат друга локација за првенствените пролетва. Една опција е Градски во Битола. Меѓутоа, неутрален терен не е исто што и домашен, публиката ќе биде скратена за бодрење на омилениот тим. Поприфатлива алтернатива, игралиштето на Могила. Со извесни корекции ФФМ има шанси дададе зелено светло. Ако времето биде добро, теренот ќе биде мошне солиден, како зимава на тестовите.

Ниту највозрасните навивачи не се сеќаваат дека некогаш Победа била домаќин на друг терен, освен Градски.

Loading